Работно време

Понеделник-Недела(08:00-23:00ч)

+389 43 231 473


За Нас

ЈЗУ Општа болница Велес, основана е во 1946 година како Градска болница за лекување на болни од туберкулоза. Како објект од цврста градба во кој се наоѓа и денес, изграден е во 1965 година. Во 1976 година доградени се А, Б и Ц тракт и функционира во склоп на ЈЗО Медицински центар Велес. Од 01.07.2005 година со измени во Законот за здравствена заштита функционира како Општа болница Велес, со решение 1-10226/24 од 10.12.2004 година, издадено од Министерство за здравство на РМ. Како јавна здравствена установа од секундарно ниво има за цел да ги дијагностицира и лекува пациентите преку своите специјалистички амбуланти, оддели, лабораторија и радиодијагностика.



ЈЗУ Општа Болница Велес, со капацитет од 285 болнички кревети претставува работна средина составена од специјалистичко консултативни и болнички служби кои пружаат услуги од секундарно ниво на 10% од населението на Република Македонија.
Работниот процес е организиран во 13 одделенија ( анестезија со интензивно лекување, инфективно, педијатрија, хирургија, урологија, ортопедија со трауматологија, гинеколошко-акушерско, интерно, неврологија, псхиојатриски болести со центар за зависности, физикална медицина и рехабилитација, ОРЛ и Офталмологија), 6 служби ( радиодијагностика, биохемиска лабораторија, патологија, АТД, кожно-венерични болести и болничка аптека) и 3 административно технички служби ( правна, економско- финансиска и техничка служба).


Визија

Стручност, ефикасност, постојан напредок, колегијалност и почитување во процесот на лечење и нега на пациентите! Улога на лидер во однос на соодветните здравствени установи во Македонија!

Мисија

ЈЗУ Општа болница Велес е установа од секундарно ниво на здравствена заштита која пружа високо квалитетни здравствени услуги, со примена на современи дијагностичко-терапевтски процедури и методи на лечење. Темел на сите активности е воспоставување на повисоки стандарди низ едукација на кадарот, унапредување на квалитетот на работа и воведување на нови методи и технологии.